Пилешки копан со надкопан и ориз во тава
Секоја жена сака кога готви да извалка што е можно помалку садови, за да не треба потоа да стои над мијалникот многу време. Ова е еден од оние рецепти подготвени во еден сад, воедно е брз, лесен и вкусен.

Процес на подготовка
-
Копаните малку засечете ги, а потоа премачкајте ги убаво со мешавина од зачини ( сол, црн пипер, црвен пипер и размарин) и малку масло и сок од половина лимон. Оставете ги некоја отстојат колку може повеќе за убаво да се маринираат.
-
Вака маринираните копани испржете ги во загреана длабока тава од двете страни додека не фатат убава боја, а потоа тргнете ги настрана.
-
Во истата тава, пропржете ги насецканите кромид, морков и пиперка.
-
Потоа, додадете го оризот кој одстојал во вода и зачинете со куркума, сол и црн пипер.
-
Додадете пилешки бујон, вратете ги испржените копани,парчиња лимон сецкан на кругови, поклопете и оставете на тиха температура околу 25-30 минути да се крчка.